Сменете го мислењето за црниот домат. Дозволете му да довторно да ви се претстави во сиот негов раскош. Од намирница која беше една од моите најнеомилени до оброк кој е во моите нови топ десет.
Потребни состојки:
- 4 црни домати
- 500 г мешано мелено месо
- 1 тиквичка
- 2 домати
- 3 моркови
- 1 пиперка
- ½ главица кромид
- сол
- црн бибер
- оригано
- 100 г кашкавал
Начин на подготвување:
Црните домати убаво измијте ги пресечете ги на половина, премачкајте ги со масло и ставете ги да се печат на 250 °С, 15-20 минути.
Тиквичката, кромидот, морковот, пиперката и доматот исечкајте ги.
Кромидот пропржете го и додадете ги тиквичката, морковите и пиперката. Кога зеленчукот е испржен додадете ги и доматите. Пржете уште 5-10 минути и додадете го и меленото месо. Зачинете со сол, црн бибер, магдонос и оригано.
Кога црниот домат е делумно испечен извадете го и отстранете ја средината и ситно исецкајте ја. Додадете ја во претходно испржената смеса и наполнете ги црните домати.
Ставете ги во загреана рерна на 200 °С и печете 30-40 минути во зависност од фурната или додека смесата не зацрвени. Додадете го и кашкавалот и печете додека се стопи.