Гулаш со печурки

Г

Печурките и покрај тоа што се богати со витамини, минерали и олигоелементи се потценета намирница. Со овој вкусен рецепт да го промениме тоа и да ги вклучиме во нашата исхрана.

Потребни состојки:

  • 2 лажици масло
  • 1/2 главица ситно сецкан кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 кг печурки
  • 500 г ситно сецкани домати
  • 500 мл бујон од зеленчук
  • сол
  • лук во прав
  • зачини по желба

Начин на подготвување:

Во сад на оган ставете го маслиновото масло и ситно сецканите кромид и пиперка. Пржете додека кромидот не омекне. Кога ќе бидат готови тргнете ги во посебен сад.

Во истиот сад ставете ги ситно сецканите печурки, сол и лук и пржете додека печурките не заруменат. Потоа во садот додадете ги пиперките и кромидот кои претходно ги пропрживте, доматите, зеленчуковиот бујон и зачини по желба. Намалете ја температурата, покријте го садот и гответе 20-тина минути .

image_pdf
Од admin

Следете нè