Шакшука

Ш

Потребни состојки:

  • 1 кромид средна големина
  • 2 пиперки црвени
  • 1 пиперче луто (опционално)
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици црвена пипер
  • 750 г домати
  • 120 г сирење
  • 4 јајца
  • сол
  • црн бибер
  • магдонос

Начин на подготовка:

Во тава на оган ставете масло, додадете ги сечканите пиперки, кромидот и пржете околу 5 минути или додека кромидот не стане проѕирен. Додадете го лукот и црвениот пипер и пржете уште 1 минута.

Додадете ги излупените и ситно исецкани домати, зачинете со сол и црн бибер и оставете да се крчка, додека не испари течноста од доматите.

Со голема лажица направете отвори во смесата и додадете ги скршените јајца во нив. Намалете ја температурата, покријте со капак и гответе околу 10 минути или додека јајцата не се зготвени по ваша желба. Кога е готово додате го издробеното сирење и магдоносот и сервирајте.

На здравје!

image_pdf
Од admin

Следете нè