Потребни состојки:
- 200 г киноа
- 500 мл вода
- 1 краставица
- ¼ црвен кромид
- 1 морков
- 10 маслинки
- 200 г мешана салата (марулка, ајсберг, спанаќ, рукола…)
- 1 лимон
- маслиново масло
- сол
- црн бибер
Начин на подготвување:
Киноата ставете ја во водата и варете додека не биде готова. Кога е готова измијте ја со ладна вода и убаво исцедете ја.
Морковот изрендајте го а краставицата, кромидот, маслинките и мешаната салата исечете ги по желба. Ставете ги во поголем сад за сервирање. Додадете ја и киноата. Зачинете со сок од лимон, маслиново масло, сол и црн бибер и убаво промешајте.