Полнети црни домати

П

Сменете го мислењето за црниот домат. Дозволете му да довторно да ви се претстави во сиот негов раскош. Од намирница која беше една од моите најнеомилени до оброк кој е во моите нови топ десет.

Потребни состојки:

  • 4 црни домати
  • 500 г мешано мелено месо
  • 1 тиквичка
  • 2 домати
  • 3 моркови
  • 1 пиперка
  • ½ главица кромид
  • сол
  • црн бибер
  • оригано
  • 100 г кашкавал

Начин на подготвување:

Црните домати убаво измијте ги пресечете ги на половина, премачкајте ги со масло и ставете ги да се печат на 250 °С, 15-20 минути.

Тиквичката, кромидот, морковот, пиперката и доматот исечкајте ги.

Кромидот пропржете го и додадете ги тиквичката, морковите и пиперката. Кога зеленчукот е испржен додадете ги и доматите. Пржете уште 5-10 минути и додадете го и меленото месо. Зачинете со сол, црн бибер, магдонос и оригано.

Кога црниот домат е делумно испечен извадете го и отстранете ја средината и ситно исецкајте ја. Додадете ја во претходно испржената смеса и наполнете ги црните домати.

Ставете ги во загреана рерна на 200 °С и печете 30-40 минути во зависност од фурната или додека смесата не зацрвени. Додадете го и кашкавалот и печете додека се стопи.

image_pdf
Од admin

Следете нè