Да бидеме поотворени за нови искуства. Со секојдневните намирници да подготвиме несекојдневни оброци.
Потребни состојки:
- 8 домати
- 400 г печурки
- 2 чаши варена киноа (амарант, просо, по желба)
- 2 пиперки
- ¼ чаша варена пченка
- 1 помал кромид
- 2 чешниња лук
- ½ коцка за супа
- 50 г кашкавал
- моцарела
- сол
- црн бибер
Начин на подготвување:
Се отсекува горниот дел на доматите, се вади внатрешноста, се посолуваат и се оставаат да постојат. Печурките, пиперките кромидот и лукот се пропржуваат посебно. Се соединуваат заедно и се додава коцка од супа растворена во 50мл. вода, сол и црн бибер. Кога течноста ќе испари се додава и кашкавалот и се трга од оган.
Се додава и варената киноа и пченката и се заедно се меша. Со смесата се полнат доматите, на крајот на секој домат се става парче моцарела и се ставаат 20 минути во загреана рерна на 175 °С.