Печени тиквички и црн домат

П

Потребни состојки:

  • 3 црни домати
  • 3 тиквички
  • 1 л доматен сос
  • половина кромид
  • 1-2  чешниња лук
  • 2-3 моркови
  • 200 г кашкавал
  • оригано (опционално)
  • сол
  • црн бибер

Начин на подготвување:

Фурната загрејте ја на 220 °С.

Тиквичките и црните домати измијте ги, излупете ги и исечете ги на парчиња по желба. Ставете ги во плех обложен со хартија, со четка намачкајте ги со масло и зачинете ги. Додадете ги и неисчистените чешниња лук. Печете ги 20-25 минути или додека да бидат печени. Извадете го плехот, свртете ги на другата страна, намачкајте ги со масло, зачинете ги и вратете ги во фурна уште 20 тина минути.

Во меѓувреме подгответе го сосот. Во загреана тава на оган, ставете масло, исечканиот кромид, и изренданите моркови. Кога убаво ќе се запржат, додадете го доматниот сос и извадете го лукот од фурната и пастата од чешнињата додајте ја во сосот, таа  ќе му даде посебен шмек. Доколку одлучите да ставате оригано сега е време да го додадете. Пржете додека не добиете малку погуст сос.   

Извадете ги испечените тиквички и црните домати.

На дното  од огноотпорен сад или во земјена тава ставете од доматниот сос, наредете еден ред од печените тиквичи и домати, врз нив повторно ставете сос па уште еден ред од зеленчукот. Завршете со доматниот сос. Садот ставете го во фурната и печете 30-тина минути. Кога јадењето е веќе при крај, извадете го садот, нарендајте кашкавал и вратете го уште 10 минути за да се растопи кашкавалот.

image_pdf
Од admin

Следете нè