Лахмаџун

Л

Потребни состојки:

За пита:

  • 2 чаши брашно – 350 грама брашно
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1½ лажичка сол
  • 1 чаша топла вода
  • 1 лажица маслиново масло

За фил:

  • 350 г мелено телешко (може и пола пола со свинско)
  • 1 кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • ½ китка магдонос
  • 1-2 домати
  • ½ пиперка
  • 1 лажица доматно пире
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 1 лажичка лута буковска
  • 1 лажица сол
  • ½ лажичка мелен бибер
  • 1 лажичка кумин во прав

Начин на подготвување:

За пита:

За питата може да искористите и тесто за класична пица но доколку сакате да биде автентично, тогаш: во подлабок сад ставете го брашното и додадете ги квасецот и солта. Во чаша измешајте ги топлата вода и маслото. Со лажица направете дупка во средината од брашното и пополека додавајте ја водата. Замесете го тестото (доколку нема потреба не мора да ја трошите цела количина на вода). Набрашнете ја површината за месење, ставете го тестото врз неа и месете околу 10 минути додека тестото не стане меко и еластично. Садот во кој месевте набрашнете го и вратете го тестото внатре. Оставете го 30 до 40 минути во топла просторија, да надојде. Готово е кога ќе ја дуплира својата големина.

Додека тестото кисне може да ја направите смесата за филот.

Сите состојки ставете ги во блендер, и кратко промешајте.

Кога тестото е спремно размесето го на набрашнета површина и разделете го на 6 еднакви парчиња. Секое парче танко исучете го, во округла или овална форма. Од горе ставете го филот и убаво распоредете го.

Печете го во загреана фурна на 220 °С. Ќе знаете дека е печено кога рабовите од питата ќе добиајт златно-кафеава боја.

Сервирајте ги со магдонос, лимон и сецкан кромид.

image_pdf
Од admin

Следете нè