Бавно печени свински ребра

Б

Потребни состојки:

  • 2 лажици сол
  • 2 лажичка црн бибер
  • 2 лажички црвен пипер
  • 2 лажички мајчина душица
  • 2 лажички оригано
  • 1 лажичка лук во прав
  • 2 кг свински ребра
  • 2-3 лажици сос за скара (Barbeque sauce)
  • 1 лажица Ворчестер сос
  • масло за готвење
  • пиво

Начин на подготовка:

Одберете убаво парче ребра. Не е неопходно, но убаво би било, да ја извадете мембраната од внатрешната страна на ребрата, така полесно месото ќе ги впие аромите.

Загрејте ја фурната на 140ºС.

Во мал сад измешајте ги солта, црниот бибер, црвената пипер, мајчината душица, лукот и ориганото. Ставете го месото во садот за печење и од двете страни премачкајте го со масло. Потоа ставете од измешаните зачини и убаво измасирајте од двете страни. На дното од садот за печење ставете пиво. Ставете го во фурна, покриено, да се пече 2 часа. По два часа, месото извадете го од фурна и отстранете го пивото во кое се готвеше. Свртете го и печете 1 час откриено. По 1 час повторно свртете го во првичната состојба и печете уште 1 час. Во мал сад измешајте ги двата сосови. Кога месото е веќе печено, извадете го и со четче намачкајте го со мешавината од сосовите. Вратете го во фурна, зголемете ја температурата на 200ºС и печете додека да добие убава боја.

На здравје!

image_pdf
Од admin

Следете нè