Потребни состојки:
- 500 г младо телешко месо
- 4 моркови
- 2 компири
- 1/4 парче пашканат
- 2 гранки целер (заедно со листовите)
- половина китка магдонос
- сол
- црн бибер
- коцка зеленчукова супа (опционално)
Начин на подготовка:
Сите состојки исечете ги ситно и отприлика со иста големина.
Во тенџерето во кое ќе ја варите супата додадете ги сите состојки, освен магдоносот. Зачинете со сол и црн бибер по желба. Ставете вода за да се прекријат состојките и ставете ги на среден оган да се варат. Можете по желба да додадете и коцка зеленчукова супа но не е неопходно. По потреба додадете вода. Кога состојките се веќе сварени додадете го и магдоносот.
Сервирајте со потпечено лепче, макало со лук и печени суви пиперки.
На здравје!