Крем супа од печени моркови

К

Потребни состојки:

За супата:

  • 1 кг моркови
  • 1 кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 лажичка мајчина душичка
  • сол
  • црн бибер
  • лимон
  • ѓумбир рендан (опционално)
  • маслиново масло
  • 1 л вода
  • 2 коцки за супа-зеленчукови

За додатокот: (опционално)

  • 3-4 парчиња леб
  • кашкавал
  • маслиново масло
  • кисела павлака
  • масло од лути пиперчиња

Начин на подготовка:

Морковите излупете ги, исечете ги на парчиња со големина од 2 см и ставете ги во сад за печење. Додадете ги кромидот пресечен на осминки и чешнињата лук. Зачинете со сол, мајчина душичка, црн бибер и прелијте со маслиново масло. Печете на 200° околу 45 минути или додека морковите не станат меки.


Исечете го лебот на коцки со средна големина.
Намачкајте ги со маслиново масло и одозгора додадете рендан кашкавал и семки од сончоглед.
Печете на 200° 7-10 минути (додека крутоните поруменат и станат крцкави).

Извадете ги печените моркови од рерната .
Во средно тенџере ставете 1 л вода и 2 коцки зеленчукова супа. Загрејте ја водата, додадете ја смесата од морков, кромид, лук и испасирјте со рачен блендер. Доколку немате рачен блендер може цела смеса да се стави во блендер и да се испасира. Додадете сок од лимон по вкус. Доколку сакате дополнително да се затоплите од внатре, додадете 1 лажичка рендан ѓумбир.


Ставете ја супата во чинија за сервирање и украсете со крутони/семки од сончоглед.
Додадете павлака и масло од лути пиперчиња.


Уживајте!

image_pdf
Од admin

Следете нè