Потребни состојки:
- 4 моркови
- 3 компири
- 2 парчиња пашканат (помали)
- ¼ целер корен
- ¼ целер стебло
- 1 праз или кромид
- Половина китка магдонос
- сол
- црн бибер
- зеленчукова коцка за супа (опционално)
Начин на подготвување:
Сите состојки исечете ги ситно и отприлика со иста големина.
Во тенџерето во кое ќе ја варите супата најпрво пропржете го празот (кромидот) и гранчињата од целерот. Потоа во нив додадете ги преостанатите состојки, освен магдоносот. Зачинете со сол и црн бибер по желба. Ставете вода за да се прекријат состојките и ставете ги на среден оган да се варат. Можете по желба да додадете и коцка зеленчукова супа но не е неопходно. По потреба додадете вода. Кога состојките се веќе сварени додадете го и магдоносот.