Потребни состојки:
- 100 г спанаќ
- 3 јајца
- 2 парчиња леб (сечен на коцки)
- 2 домати
- 4-5 парчиња сушен домат во маслиново масло
- 5-6 листови босилек
- 70 г сирење
- сол
- црн бибер
- маслиново масло
Начин на подготовка:
Јајцата сварете ги, излупете ги и исечете ги на четвртини.
Во тава на оган ставете 1 лажица маслиново масло и кога ќе се загрее додадете го и лебот. Пржете 2-3 минути или додека крутоните не добијат убава боја.
Измешајте ги спанаќот, доматите и босилекот со маслото, солта и црниот бибер.
Сервирајте ги во две чинии и додадете ги јајцата, крутоните и сирењето.
Оваа количина е за две лица.
Уживајте!