Салата со спанаќ и јајца

С

Потребни состојки:

  • 100 г спанаќ
  • 3 јајца
  • 2 парчиња леб (сечен на коцки)
  • 2 домати
  • 4-5 парчиња сушен домат во маслиново масло
  • 5-6 листови босилек
  • 70 г сирење
  • сол
  • црн бибер
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

Јајцата сварете ги, излупете ги и исечете ги на четвртини.

Во тава на оган ставете 1 лажица маслиново масло и кога ќе се загрее додадете го и лебот. Пржете 2-3 минути или додека крутоните не добијат убава боја.

Измешајте ги спанаќот, доматите и босилекот со маслото, солта и црниот бибер.

Сервирајте ги во две чинии и додадете ги јајцата, крутоните и сирењето.

Оваа количина е за две лица.

Уживајте!

image_pdf
Од admin

Следете нè