Потребни состојки:
- 3-4 домати
- 350 г моцарела
- 1/2 китка босилек
- сол
- маслиново масло
- балсамико сос
Начин на подготовка:
Доматите и моцарелата исечете ги на кругови со слична дебелина. Во чинијата во која ќе ги сервирате скалесто наредете ги доматите, моцарелата, и ливчињата од босилек.
Зачинете со сол, балсамико сос и маслиново масло.
На здравје