Полнети тиквички

П

Потребни состојки:

  • 180 г грашок замрзнат
  • 2 јајца
  • 350 г изварка
  • 50 г спанаќ
  • нане
  • 2 лажици рендана кора од лимон
  • сол
  • црн бибер
  • 3-4 тиквички , танко исечени на ленти
  • 500 мл. доматен сос
  • 50 г моцарела

Начин на подготвување:

Загрејте ја фурната на 180 °С.

Замрзнатиот грашок ставете го во цедалка и измијте го со топла вода. Исцедете го и ставете го во поголем сад. Со виљушка испасирајте го, додадете ги јајцата, изварката, исечканиот спанаќ, нането, лимоновата кора, сол и црн пипер и измешајте да се соединат состојките.

На едниот крај од тенко исечените тиквички додадете по една лажичка од смесата и завиткајте ги.

Во огноотпорен сад за печење турете го доматниот сос (може и редуцирани свежи домати) и врз него наредете ги тиквичките.

Печете околу 30-тина минути. Пред крајот додадете ја и моцарелата.

Пред да го послужите почекајте да се излади.

За сечење на тиквичките може да ја користите алатката за лупење или таа за сецкање зелка.

image_pdf
Од admin

Следете нè