Печени круши со козјо сирење, мед и ореви

П

Потребни состојки:

  • 4 круши, сечени на парчиња од 6 мм (по должина)
  • 1 лажица путер, стопен
  • 1 лажичка свеж рузмарин, ситно сечкан
  • козјо сирење
  • мед
  • 30 г ореви сечкани

Начин на подготовка:

Загрејте ја фурната на 220°C. Садот во кој ќе печете обложете го со хартија за печење.
Рамномерно распоредете ги парчињата круши, со четче премачкајте ги со растопен путер, а потоа посипете рамномерно со рузмарин. Печете 8 минути.

Извадете ги крушите од фурна и оставете малку да се изладат.
Додека се сѐ уште топли префлете ги парчињата во чинија за сервирање, а одозгора ставете парчиња козјо сирење, прелијте ги со мед и посипете со ореви.

За овој рецепт користевме козјо сирење од Кози Млеко Планина а мед и ореви од локално потекло.

Уживајте!

image_pdf
Од admin

Следете нè