Торта со афион

Т

Во прилог е рецептот за лесна и посна торта со афион. Афионот како состојка се користи во сите кујни, вклучително и нашата. За неговата важност на овие простори, зборува и фактот што афионот го има на грбот на Македонија. Широката застапеност, (особено во минатото) и нутритивните својства на истиот, правеле да е често користена состојка при подготовката на оброците, особено десертите. Традицијата е задржана до ден-денес.

Потребни состојки:

  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша масло
  • 30 г афион
  • 100 г ореви
  • 2 чаши минерална вода
  • 3 чаши брашно
  • 1 пециво

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во сад и со жица за матење соединете ги.

Смесата турете ја во претходно намастен и набрашнет сад за печење. Ставете ја да се печи во загреана фурна на 250°С, 10 минути, а потоа уште 20 минути на 200°С или додека не е печена.

Извадете ја да се излади и декорирајте по желба. На пример: намачкајте ја со мармалад и наросете по желба со орев, лешник, бадем, кокос или чоколадо.

Наздравје

image_pdf
Од admin

Следете нè