Чоколадни колачиња без шеќер

Ч

Потребни состојки:

  • 50 г овесни снегулки
  • 50 г јачменови снегулки
  • 50 г ржени снегулки
  • 200 г брашно
  • 1 прашок за пециво
  • ½ лажичка сол
  • 3 лажици јаболков сос
  • 50 г маргарин/путер
  • 1 јајце
  • 1 ванилин шеќер
  • 4 лажици мед
  • 50 г бело чоколадо за готвење
  • 50 г кафено чоколадо за готвење
  • 50 г ореви (лешници,бадеми)
  • 50 г суво грозје (брусница, кајсија, гоџи бери..)

Начин на подготвување:

Во еден сад ставете ги снегулките, брашното, прашокот за пециво, солта, ванилиниот шеќер и измешајте ги. Во друг сад соединете ги јаболковиот сос, растопениот и изладен маргарин/путер, медот и јајцето. Додадете ги течните во сувите состојки и соединете ги. На крај во смесата додадете ги исечканите чоколади, јатките и сувото овошје и оставете во ладилник од 30 минути до 3 дена.

Со лажичка земајте исто количество од тестото и формирајте топчиња. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и со рака притиснете да ја добиете посакуваната висина. Оставете 1 см простор измеѓу секое.

Печете во загреана фурна на 175 °С, 10-15 минути во зависност од фурната.

Од оваа смеса треба да добиете околу 20 парчиња.

За јаболковиот сос излупете и исечкајте јаболка и ставете ги во сад на оган. Додадете 100 мл вода и покријте со капак. Од време на време промешувајте. Кога јаболкате ќе омекнат испасирајте ги со виљушка. За овој рецепт не мора да додавате шеќер.

image_pdf
Од admin

Следете нè