Потребни состојки:
- 3 јајца
- 50 г масло
- 1 лажица шеќер
- ¼ лажица сол
- 250 мл кисела вода
- 250 мл млеко
- 270 г брашно
Начин на подготвување:
Во еден сад ставете ги течните состоки: јајцата, маслото, киселата вода и млекото и измешајте ги. Потоа во истиот сад додадете ги и сувите состојки: брашното, шеќерот и солта и мешајте убаво да се соединат.
Оставете да се одморат неколку часа (може до 24 часа во ладилник).
Кога се спремни за правење проверете да не треба уште течност, па додадете по потреба вода.
Печете ги на загреана нелеплива тава на умерена температура.