Овесен колач со јагоди

О

Потребни состојки:

  • 250 г овесни снегулки
  • 200 г брашно
  • 200 г кафен шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка ѓумбир
  • 170 г растопен путер
  • 400 г јагоди
  • 1 лажичка густин
  • 2 лажици шеќер

Начин на подготовка:

Загрејте ја фурната на 190ºС. Калапот за печење обложете го со хартија за печење.

Во еден сад ставете ги овесните снегулки, брашното, кафениот шеќер, солта и ѓумбирот и промешајте ги. Додадете го растопениот путер и со рака соединете ги состојките. Мешајте додека сите состојки не се подеднакво влажни и формираат мали грутчиња.

Јагодите, шеќерот и густинот ставете ги во сад на оган и гответе ги 2-3 минути.

Во садот за печење ставете 2/3 од смесата и убаво натапкајте. Додадете ги јагодите и врз нив наросете ја преостанатата смеса.

Печете 30-40 минути во зависност од фурната или додека колачот не добиете златно-кафеава боја. Пред да послужувате колачот оставете го да се излади целосно. Највкусен е со топка сладолед од ванила.

На здравје!!

image_pdf
Од admin

Следете нè