За блогот

З

Здраво, јас сум Тодорка Наумоска-Димески, дипл.инж. нутриционист, лидер на Слоу фуд Прилеп и активист во Прилеп На Точак. Сакам добра храна, и готвењето на истата ме релаксира. Полнам енергија со возење на точак, вљубеник сум во добра книга, јога, ја сакам мојата Кира.

Овој блог е креиран во исклучително тешко време, време кога потребата од здрава и домашна храна е поголема од било кога. Ако знаеме дека со изборот на здрави и сезонски намирници сме завршиле поголем дел од подготовката на оброкот, тогаш ни останува уште вториот дел а тоа е да избереме рецепт со кој би ги споиле истите за поголемо уживање при нивната консумација.

Oвде ќе се потрудам да ви презентирам испробани рецепти на светските класици, интернационални и најважно од се домашни јадења. Ќе има здрава храна но и храна за душа.

Да го направиме времето во кујна уживање а не обврска.

Ви благодарам што одвоивте дел од вашето време и го посетивте мојот блог.

Прочитајте го прилогот за колибри нова македонија

Следете нè